ноември 22, 2024

Австрија го стопираше законот за задолжителна вакцинација

Австриската Влада донесе одлука привремено да ја стопира примената на Законот за задолжителна вакцинација против ковид-19.

Тамошните медиуми пренесуваат дека комисијата за спроведување на задолжителната вакцинација побарала прекин на законот,, но и неприменување на казните од средината на март за оние кои нема да се вакцинираат, како што тоа беше предвидено од порано.

Комисијата укажала дека кон средината на јуни треба повторно да се анализира состојбата и да се одлучи за понатамошно делување во врска со задолжителната вакцинација и мерките за нејзина примена.

Австриската Влада би требало утрово да одржи седница, по која новиот министер за здравство, Јоханес Раух, заедно со министерката задолжена за уставни прашања Каролин Едштадлер ќе излезат пред новинарите и ќе ги образложат деталите за понатамошното дејствување.

Етапниот план на Владата за задолжителна вакцинација предвидуваше невакцинираните да се соочат со парични казни почнувајќи од 15 март.

Беше предвидено и полицијата при секоја контрола да  го проверувса вакциналниот статус и да го пријави секое кршење на законот за задолжителна вакцинација.

Read Previous

Над еден милион и 300 илјади луѓе од Украина досега пребегале во Полска

Read Next

Подојлак: Ги загубивме врските со системот за следење на Чернобил