ноември 24, 2024

СЗО: Девет жртви во напади на здравствени установи во Украина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека најмалку девет лица загинале во 16 напади врз здравствени установи во Украина од почетокот на рускиот напад врз земјата.

Нападите се случиле помеѓу 24 февруари и 3 март.

Според СЗО, покрај смртните случаи, повредени се 16 лица, меѓу кои седум здравствени работници. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адана Гебрејесус, во неделата на Твитер напиша дека се случиле неколку напади, не наведувајќи детали, и додаде дека тоа е кршење на меѓународното хуманитарно право.

Read Previous

Дванаесетти ден од руската инвазија врз Украина

Read Next

За два дена вакцинирани над 1.500 лица во рамки на кампањата за имунизација против Ковид-19