• мај 19, 2024

ВИДЕО: Дрон снимил една од битките за градот Херсон

Сцени како од холивудски блокбастер во видеото што го снимиле цивилни лица во градот Херсон каде десетина дена се водеа жестоки битки меѓу руските и украинските сили.

Дронот снимил битка во која предходно е уништена украинска артилериска единица по што во судирот се вклучуваат оклопни транспортери и војници со лесно автоматско оружје и рачни бомби.

Во видеото се дава објаснување на англиски за дел од чекорите во битката.

Не е познато колкав е бројот на загинатите и ранетите во битката која е една од првите во светот снимена со цивилен дрон.

Видеото за 8 часа го виделе над 2 милиони луѓе./ Expres.mk

Read Previous

Земјотрес во Охрид и регионот

Read Next

Државните раководители на Косово се поклонија во Меморијалниот комплекс „Адем Јашари“