ноември 22, 2024

Бајден и Шолц ја истакнаа важноста од зајакнување на источното крило на НАТО доколку Русија изврши инвазија

Американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц разговараа за военото присуство на Русија во близина на границата со Украина и ја истакнаа важноста од зајакнување на источното крило на НАТО во случај на руски напад, соопшти Белата куќа.

Портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт изјави дека двајцата лидери се согласиле дека ситуацијата во Украина треба да се смета за исклучително сериозна бидејќи се уште постои ризик од руска воена агресија.

Потребна е голема претпазливост бидејќи досега нема знаци за значително повлекување на руските сили, заклучија двајцата лидери во телефонски разговор, изјави портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт и додаде дека двајцата лидери ја поздравија изјавата на рускиот претседател дека дипломатските напори треба да продолжат.

Белата куќа соопшти дека Бајден и Шолц се осврнале на неодамнешните разговори со рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Бајден и Шолц ја потврдија својата посветеност на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, нагласувајќи ја важноста од зајакнување на источното крило на Алијансата во случај на инвазија од страна на Москва, соопшти Белата куќа.

Русија уште еднаш е повикана да ги смири тензиите во близина на границата со Украина. Тие се согласија дека е важно да се преземат чекори кон имплементација на мировниот договор од Минск што го склучија Русија, Украина, Франција и Германија во 2015 година и да се постигне напредок преку нормандискиот формат, рече Хебестрејт.

Read Previous

Руска Амбасада во САД: Антируската хистерија причина за необјективноста на САД

Read Next

НАТО сака дипломатско решение со Русија, но се подготвува за најлошото