ноември 22, 2024

Руска Амбасада во САД: Антируската хистерија причина за необјективноста на САД

WASHINGTON, DC, USA – DECEMBER 26, 2017: A view of the Russian Embassy in Washington, D.C. Anatoly Bochinin/TASS —Ўј. ¬ашингтон. 26 декабр€ 2017. «дание посольства –оссийской ‘едерации в —оединенных Ўтатах јмерики. јнатолий Ѕочинин/“ј——

Актуелната антируска хистерија во САД не им дозволува на американските власти објективно да гледаат на ситуацијата околу Украина, соопшти руската Амбасада во САД.

– Посветивме внимание на изјавите на портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, дадени на 16 февруари во интервју за Си-Ен-Ен. Службеникот уште еднаш се обиде да ја обвини Русија за ширење дезинформации за ситуацијата во Украина, напиша амбасадата на својот Фејсбук профил.

– Очигледно е дека антируската хистерија во САД не им дозволува на американските колеги објективно да гледаат на работите. Самохипнозата за неизбежност на руски напад продолжува, додава амбасадата. Руската Амбасада го повика американскиот Стејт департмент „да престане да ги поттикнува новинарите со милитаристички бес“ и да се фокусира на вистински важните прашања за постигнување „дипломатско решение на внатрешниот украински конфликт“.

Read Previous

Русија објави снимка од повлекување на војници и опрема

Read Next

Бајден и Шолц ја истакнаа важноста од зајакнување на источното крило на НАТО доколку Русија изврши инвазија