ноември 23, 2024

Прва жена излекувана од ХИВ по трансплантација на матични клетки

Пациентка од САД со леукемија стана првата жена и третата личност до сега што е излечена од ХИВ, откако примила трансплантација на матични клетки од донатор кој бил природно отпорен на вирусот што предизвикува СИДА, објавија истражувачите во вторникот.

Случајот е претставен на Конференцијата за ретровируси и опортунизитни инфекции во Денвер и истовремено е прв што вклучува крв од папочна врвца, понов пристап што може да го направи третманот достапен за повеќе луѓе, пренесе Ројтерс.

Откако ја примила крвта од папочна врвца за лекување на акутна миелоидна леукемија, жената која истовремено имала две дијагнози, е во ремисија и е ослободена од вирусот 14 месеци, без потреба од моќни третмани за ХИВ познати како антиретровирусна терапија.

Двата претходни случаи се случиле кај мажи кои добиле матични клетки, кои почесто се користат при трансплантации на коскена срцевина.

Read Previous

Петровска на НАТО состанок во Брисел: Да се даде шанса на дипломатско решение помеѓу Русија и Украина

Read Next

НБРМ: Инфлација од 6,7 отсто во јануари 2022, причина е растот на цените