ноември 23, 2024

Касами: Ќе бараме да ги вратат парите сите кои земале плата, а не работеле ништо

Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека ќе побараат враќање на средствата од тие што земале плата, а не работеле во општината.

„Вкупно 294 претходно вработени во општина Тетово или кои имале договор на дело не ми поднесоа извештај за нивното сработено, што значи земале плата а не работеле. Буџетот се оштетувал за сума од околу 1 милион евра годишно. Ние ќе побараме овие средства да се вратат, ако треба и по судски пат. Разберете, за многумина не можевме два месеца договорите да им ги најдеме, скриени по фиоките“, вели Касами.

Read Previous

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да го напушти заевизмот и да застане во одбрана на националните интереси

Read Next

Претпоставувам дека е женска верзија на Ковид, бидејќи е опседната со мене, Турчин позитивен цели 14 месеци