ноември 22, 2024

Салих Мурати: Долготрајната рамнодушност на парламентот ја доведе земјата до уставно-правна криза

Салих Мурати, поранешниот член и претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија, разговараше за причините за уставната криза во земјата. Мурати рече дека долгорочната нечувствителност на парламентот ја втурна земјата во уставно-правна криза.

ТАЈМБАЛКАН СПЕЦИЈАЛНА ВЕСТ

Ви го пренесуваме написот на Салих Мурати, поранешен член на Уставниот суд на РСМ, а воедно и поранешен претседател на истиот, за тоа дали Република Северна Македонија е во уставно-правна криза и кои се причините за оваа криза:

Со оглед на својата позиција, Устанвниот суд како специфична институција е единствената институција која ја штити уставноста и законитоста на една дажава. Тоа е институција со многу широки овластувања и со функционална независност, влечејќи го основот за своето постоење и функционирање само од Уставот.

За исполнување на целата своја надлежност и уставна должност, во Уставот  јасно е нагласено дека оваа институција се состои од 9 члена, мандатот на членовите трае 9 години и тие можат да бидат избрани на оваа должност само еднаш.

Од оваа гледна точка, главен столб на Уставниот суд се 9-те судии кои со знаење и мудрост ја водат оваа институција. Присуството и односот на овие луѓе е од големо значење. Фактот што членовите на Уставниот суд, кој се смета за целосно независен, се истакнати правници и единствени судии со имунитет кој доаѓаат /се предлагаат  преку различни основи, ја покажува важноста на оваа институција која презема своевидна контрола на уставноста и законитоста на сите институции кои постојат според Уставот.  Како што се гледа во делот на овластувањата, тоа е Уставниот суд, кој се смета за последна заштита и е единствен орган што ги испитува актите на парламентот, владата, претседателот, општините. Одлучува за согласноста на законите со Уставот, одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите, решава за судир на надлежностите, ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот, одлучува за одговорноста на претседателот на Републиката, одлучува за уставност на програмите и статутите на политичките партии и на здруженијата на граѓаните. Поради ова, се чини дека распределбата на деветте  членови не е случајност. Пет члена на Уставниот суд се предлагаат до Собранието со предлог на Комисијата за избор и именување на Собранието на Република Северна Македонија, 2 члена избира Собранието на ист начин со предлог на Претседателот на државата, а другите 2 члена ги избира Собранието со гласовите на пратениците, а со предлог на Судскиот совет. Сите 9 члена се избираат со мнозинство гласови, а три члена се избираат од мнозинството пратеници и со примена на Бадентеровиот принцип. Како што изгледа, 9 членови на Уставниот суд се претставени пред парламентот на три различни начини, а во последната фаза изборот на овие членови се врши со гласовите на пратениците во парламентот.

Највисоките  акти на Уставниот суд, т.е. Деловникот за работа на судот, кој е индиректно подигнат на ниво на закон, се донесува со апсолутно мнозинство од сите членови и се занимаваат со начинот на работа и постапката пред Уставниот суд.

Со оглед на овластувањата и должностите на еден член во пракса, ќе го најдеме одговорот на прашањето дали македонскиот Уставен суд е во уставна и правна криза.

Осум од деветте членови на судот работат на предмети. Освен на претседателот, предметите се распоредуваат на судии според азбучен ред,  подеднакво на сите членови.

Тоа значи дека еден член/судија има работа на повеќе полиња.

Најважната област на работа на еден член во нашиот систем, е работата на судијата како известител. На седницата, известителот ја врши презентацијата на списите на предметот. За една година се поднесуваат голем број иницијативи до судот. Бројот на предмети кои се квалификувани меѓу нив и ги исполнуваат условите од Деловникот е во просек од околу 250 до 300 годишно. Еден член делува како судија известител во 30 до 35 случаи годишно. Од друга страна, сите предмети се делат на членовите една недела пред седницата. Секој предмет се отвора за дискусија по презентацијата на судијата известител за спорните правни и фактички прашања и сите членови, а понекогаш и советниците имаат право да учествуваат во дискусијата. Во просек предметите пред овој суд траат од 6 до 12 месеци.  Кон предметот се се гледа многу аналитички и истиот се проучува, се бара мислење од учесниците, се бара одбрана, споредбена судска пракса, се бара помош или мислење од Венецијанската комисија, се анализира судската пракса во други држави. Одлуките и судската пракса на ЕСЧП како и други од меѓународните судови. Тезата и размислувањата на истакнати правни научници, заедно ги оценуваат наведените вредности и ставови и го објавуваат нацрт – решенија за предметот до судот како најдобар резултат. Понекогаш заради разјаснување на фактичната и правната состојба по одделни предмети се одржуваат јавни расправи и подготвителни седници со цел подобро да се разберат и разјаснат некои спорни прашања. Нацрт решенијата се состојат од многу сеопфатни, потврдени,  издржливи аргументи и аналитики, а понекогаш и стотици страници материјал. Традиционално, секоја недела има седница за разгледување на предмети. Во една сесија приближно се дискутираат од  7-10 предмети. Нацрт решенија или одлуките за предметите како резултат на гласање ги носат членовите, истите се изготвуваат со заедничка работа на советникот и судијата известител. За утврдување на текстот и содржината на решението/одлуката одлучуваат сите судии на следната седница. И овие одлуки се состојат од десетици страници. Од оваа гледна точка, судијата треба да одвои интензивен работен период – од распределба и дистрибуција на иницијативата до поднесување на предметот за разгледување, прелиминарни студии и кореспонденција, десетици состаноци со повеќе од еден соработник или советник за различни предмети и изготвување стратегии, анализи и коментари, собирање докази и подготовка на реферат. Од друга страна, зема активна улога во читањето, дискусијата, разгледување, собирањето и презентирање на нови докази со иста педантност. Членовите имаат активна улога и во другите нацрт реферати, како и во нивните нацрт реферати и нацрт решенија. Вложуваат напор и се грижат резултатите од дискусиите и гласањето да се рефлектираат во содржината на одобрената одлука.

Од друга страна, во Уставниот суд има задолжителни три комисии. Секоја комисија се состои од 3 члена. За време на мандатот, речиси сите членови може  да бидат  член на сите комисии. Во комисиите, особено во редакциона комисија, интензитетот е преголем. Откако ќе се утврдат сите предлог-одлуки, редакционата комисија ги редактира одлуките, решенијата и другите материјали што ќе ги определи Судот и потоа се доставуваат на одобрение на претседателот на судот. Откако претседателот ќе ја потпише одлуката таа станува официјална и се објавува на WEB страница на судот односно во Службен весник. Слични случаи има и во кадровската комисија и комисијата за информирање и соработка.

Работни средби меѓу членовите се одржуваат речиси секоја недела, освен седниците на кои се разгледуваат списите на Уставниот суд. На овие состаноци,  се разговара од администрација до финансии, кадровски прашања, написи во печатот, национални и меѓународни преговори, деловни стратегии и секој проблем што ќе ја елиминира нејзината нормална функционалност и независност и истиот на тој состанок се решава.

Други времени комисии се формираат од различни причини,  според деловникот: се формираат привремени комисии за промена на деловникот, финансии, дирекции, јубилејни и меѓународни конференции, билатерални студиски посети, странски студии и други причини. Речиси сите членови еднакво учествуваат во овие комисии.

Националните и меѓународните конференции, семинари и различни студиски посети се сметаат под друга област на работа на членовите.

Од друга страна, кога ќе се додадат членството, репрезентативните и административните аспекти на претседателот на Уставниот суд, се гледа колку е зголемен интензитетот на Уставниот суд.

Врз основа на ова, можам да кажам дека македонскиот Уставен суд е во уставно-правна криза. 4 члена со месеци го преземаат товарот од 8 члена за предметите, нивната двојна должност во комисии, двојна должност во застапување, дополнителни должности во привремени комисии и студии. Со други зборови, Судиите на Уставниот суд поради овие околности не се доволно аналитични,  отворени за толкување на предметите, се намалуваат дејствијата што се отворени за толкување, а непоминувањето доволно време со соработниците има влијание врз конзистентноста и игра улога во квалитетот на одлуката што треба да се донесе.

При донесувањето на одлуката, идеите на 9-те најистакнати правници секако додаваат богатство на предметот. Факторите како што се појавата на квалитетни одлуки со ова темпо и отсуството на амбиент за дискусија создаваат перцепција дека ќе има различни празнини во одлуките и тоа ќе создаде голема недоверба во јавноста. Од друга страна, овие факти доведуваат до одложување на предметите. Одложената правда е негирана правда. Принципот на разумно судење е поткопан. Нарушен е принципот на економично судење, а во десетици случаи има одлагање бидејќи не е обезбедено доволно мнозинство. Сето ова го поткопува принципот на владеењето на правото.

Би сакал овде да споменам едно видување. Предметот доставен на расправа во Уставниот суд се отвора за расправа по излагањето на известителот/членот. По завршувањето на расправата и дискусијата, расправата и дискусијата за предметот се заклучува. Потоа се поминува втората фаза и предметот се доставува на советување и гласање на членовите. Во нормални процеси, кога има девет членови, предметот дефинитивно добива резултати. Во сегашната ситуација, судот може да одржи седница под многу тешки услови со пет члена. Кога ќе се случи, повеќето од предметите не го добиваат потребното мнозинство, овие предмети се одложуваат во фаза за наредно гласање бидејќи не го добиваат мнозинството од гласовите. Денес има  десетици решение т.е. заклучени за расправа од пред 5-6 месеци, наведените предмети се затворени и се во мирување бидејќи нема доволно мнозинство гласови за да дојде до фаза на гласање или одлучување. Никој не знае колку ќе трае овој период на чекање, мислам дека многу предмети чекаат резултати за овој случај. Од затворањето на дискусијата до гласањето се смета вториот негативен показателот дека Уставниот суд е во уставно-правна криза. Овие предмети повторно ќе бидат презентирани на седницата, а тоа ќе се случи дури по избор на нови членови, може да биде постапено по деловникот. Тогаш ќе настанат нови проблеми и правната држава ќе добие нов удар, ќе се наруши принципот на плуралистичко размислување, принципот на коментирање и оневозможен придонес кон предметот на новите членови. Ако прашате зошто? Предметите чии списи се завршени (разгледувани на седница на судот) во Уставниот суд не можат да се отворат на повторно разгледување. Само поради една причина е можно тоа и тоа го предвидува деловникот, а од други причини не може да се преиспита предметот. Како пример, на седницата во јуни минатата година беше претставен, односно изнесен на седница предмет, беа направени потребни дискусии и се дадени придонеси со дискусија на другите членови, не беа презентирани нови предлози според Деловникот, рефератот стана јасно и дискусијата беше затворена. Предметот е доставен на советување и гласање, а при гласањето не може да се постигне мнозинство. Предметот е одложен на неопределен период во  фазата на советување и гласање. Најголем проблем на новоизбраните членови ќе бидат овие предмет и тоа ќе им зададе главоболка. Доколку ваквата состојба продолжи и во иднина, десетици предмети ќе чекаат во последната фаза т.е. во фаза на советување и гласање. Кога ќе се изберат нови членови, претседателот на следните седници ќе ги стави на дневен ред затворените предмети за дискусија. Замислете  идните нови судии да не можат да учествуваат во дискусијата, преговорите, да нудат различни размислувања и коментари во десетици предмети, а другите членови да не ги слушаат нивните дискусии,  да немаат можност да придонесат, а уставноста може да биде  повредена доколку не се донесат квалитетни одлуки поради недоволно искуство на новите членови. Денеска во судот во фаза на гласање чекаат многу вакви предмети.

Показател за уставно-правната криза е и тоа што во дел од одлуките на Уставниот суд се бара двотретинско мнозинство. Дури и ако има таков случај за кој е потребно апсолутно мнозинство, дојде на дневен ред денес, судот не е во позиција да донесе одлука. Во некои одлуки се бараат гласовите на членовите на Уставниот суд чие двотретинско мнозинство е најмалку 6 за или против (Избор на претседател на Уставен суд, Одговорност на претседателот на Републиката). Во вакви случаи, судот во овој момент нема да може да донесе одлука, поточно ниту да закаже односно одржи седница.

Затоа, македонското Собрание е првенствено одговорно за не изборот на нови членови на Уставниот суд. Конкретно, морално и правно одговорни се претседателот на Комисијата за избори и именување, нејзините членови и претседателот на Собранието. Во нормални процеси треба да се покрене одговорност врз основа на недолично однесување на претседателот и членовите на Комисијата од морални политички причини. Членот 51 од Уставот е многу  јасен во оваа насока: „Секој е должен да ги почитува Уставот и законите“. И поранешниот претседател и сегашниот претседател неколку пати побараа од претседателот на Собранието да внимава на важноста на ова прашање и навреме да ги избере новите членови и да го почитува Уставот. Во овој момент Уставниот суд нема ниту морална ниту правна одговорност. Македонското Собрание е директно одговорно и постапува неодговорно.

Во таквите празнини се предвидуваат различни решенија во уставите на различни држави. Во некои држави, решението е решено со продолжување на должноста член на Уставниот суд на кој му заврши мандатот до изборот на нов член. (Вакви практики има во албанскиот Уставен суд, ЕСЧП и други држави). Оваа практика води до злоупотреби во државите со помалку развиени демократии. Понекогаш, за да се одржи политичката рамнотежа, во демократиите ако не се изберат нови членови, продолжуваат должностите на старите членови. Со овој став тие ја зајакнуваат сопствената антидемократски моќ. Од друга страна и ЕСЧП ја користи оваа практика многу често во пракса.

За жал, црногорскиот Уставен суд, кој денес го има скоро истиот концепт како нашиот Уставен суд, се соочува со истите проблеми. Се чини дека има и уставно-правна криза и таму.

Според мене, македонското Собрание, Комисијата за избори и именувања, треба да се придржуваат до Уставот, законите и подзаконските акти како решение. Пратениците треба да запомнат и дека имаат секакви политички, морални и правни одговорности и тоа треба да го почитуваат.

Како резултат на тоа, долготрајната бесчувствителност на македонското Собрание, неисполнувањето на уставните должности на дел од пратениците и собраниската комисија, како и нивните постапки против Уставот и законите, односи поради политички конфликти и пресметки, ја стави нашата држава во уставно-правна криза.


Read Previous

Протестите на камионџиите во Канада принудија затворање на фабриката за автомобили

Read Next

Рускиот парламент денеска ќе расправа за признавање на Луганската и Доњецката република