Италијанскиот фудбалски тим Јувентус ја потврди фаворитската улога и славеше над Верона со 2-0 во последниот меч од денешната програма во Серија А .
Тренерот Масимилијано Алегри одлучи да им даде шанса од првата минута на зимските засилувања Душан Влаховиќ и Денис Закарија, одлука која се покажа како клучна затоа што Србинот и Швајцарецот постигнаа погодоци за вредни три бода.
На Влаховиќ му беа потребни само 13 минути за да се запише во листата на стрелци на дебито и тоа по одличната асистенција на Дибала.
Овој резултат беше активен до 61 минута кога Закарија го матираше Монтипо за зголемување на предноста на „старата дама“, но и воедно потврда на победата со која Јуве дојде до четвртата позиција на табелата.