ноември 22, 2024

Јанакиески има Ковид 19, судењето за „Шпански скали“ одложено

Отсуството на првообвинетиот, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој е позитивен на ковид-19 го одложи судењето за случајот „Шпански скали” за 18 февруари.

Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска на почетокот на денешното рочиште, информираше дека одбраната на Јанакиевски, на 7 февруари бранителот на Јанакиевски поднел барање за одлагање на закажаното рочиште бидејќи тој е позитивен наковид-19 и приложил решение за самоизолација од 3 февруари.

Во случајот „Шпански скали“, покрај поранешниот министер Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов. Тие се товарат дека со незаконска продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

Read Previous

Ковачевски се откажал од користењето на премиерската вила

Read Next

Берлинскиот ѕид допрва треба да падне за Скопје