ноември 23, 2024

Средба на претседателот Пендаровски со членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претседателката на Комисијата за спречување и заштитa од дискриминација, Весна Бендевска и членови од комисијата.

Како што соопшти кабинетот на претседателот, на средбата претставниците на комисијата го запознале Пендаровски со нивната тековна работа, досегашното постапување по поднесени претставки, промоција на човековите  права и елиминирање на сите видови дискриминација.

-Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на работата на комисијата во насока на превенција и заштита од дискриминација, а во функција на остварувањето на човековите права и слободи. Тој додаде дека е потребно да се користат механизмите кои ги нуди Законот за спречување и заштита од дискриминација кој овозможува поширока основа за превенција и заштита на граѓаните. Тој ги поздрави напорите на Комисијата за подигање на јавната свест, информирање и едукација на граѓаните за видовите на дискриминација со кои се соочуваат, како и понудената поддршка од страна на Комисијата за превенција и заштита од дискриминација, се наведува во соопштението. Претставниците на комисијата го информираале претседателот Пендаровски за тековните предизвици во нивната работа, неопходноста од обезбедување на поголема финансиска независност на институцијата и потребата од кадровско јакнење на комисијата.

Read Previous

Внукот на Али Ахмети, Фатмир Лимани се приклучи на БЕСА

Read Next

Османи: Никој не преговара и нема право да преговара за идентитетските прашања