ноември 22, 2024

Отчет во Скопје, но и во Софија за преговорите, Османи вели: Нашите позиции сега се појасни

Се надеваме дека вториот циклус ќе го крунисаме позитивно во интерес на европската перспектива на регионот, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи за новиот процес на преговори со Бугарија, во синоќешното гостувањето во емисијата „Само интервју“ на телевизија „Канал 5“.

Тој додаде дека ќе се учи од грешките и искуствата од првиот циклус, како и дека процесот е динамизиран по меѓувладината седница во Софија, одржана по изборот на новите влади во двете земји. Османи очекува за новата динамика да помогнат формираните работни групи.

– Нашите позиции се јасни. Мислам дека позициите се појасни во однос на тоа што беше пред една година. Бевме со далечни позиции, сега имаме одредена рамка и се надевам дека ќе постигнеме одредено решение. Ќе му дадеме шанса на процесот – посочи Османи, додавајќи дека јавноста ќе биде информирана за процесот.

Тој денеска ќе ги информира членовите на собраниската Комисија за надворешна политика за текот на разговорите и односите помеѓу Македонија и Бугарија, на седницата отворена за јавноста.

Шефот на македонската дипломатија истакна и дека не сака да влегува во дискусија со Никола Димитров.

– Јас не сакам да влезам во реплика со поранешниот колега. Јавноста кажа доволно. Ќе се воздржам од коментари, само можам да му посакам успех во понатамошната работа. Ние со Димитров не сме имале суштински разлики во процесот, само во работната дисциплина – рече Османи.

Read Previous

ВМРО-ДПМНЕ: Власта не знае како да се справува со КОВИД кризата

Read Next

Отворено писмо на Ким Мехмети: Зошто се нарекувате Влада на Република Северна Македонија?