ноември 23, 2024

Српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ во Скопје на Светосавската академија

– Министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ, денеска ќе престојува во Скопје, каде ќе се сретне со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, а ќе присуствува и на Светосавската академија по повод 27 Јануари – Националниот празник на Србите во земјава.

Како што соопштија од српското МНР, предвидено е обраќање на министерот Селаковиќ на свечената Светосавска академија во Македонскиот народен театар. На свеченоста ќе се обрати и висок претставник од земјава, а со богата културно – уметничка програма ќе биде претставена културата и традицијата на српскиот народ. Ова е 15-ти пат како српската заедница во земјава го одбележува националниот празник на Србите 27 Јануари, Денот на српскиот просветител Свети Сава.

Read Previous

Од февруари олеснети рестрикциите за влез во Италија за патниците од ЕУ

Read Next

Стејт департмент: Северен тек 2 нема да стане оперативен ако Русија ја нападне Украина