ноември 23, 2024

Презентација на анализа за минималната плата и ефектите врз работењето на фирмите

Сојузот на синдикатите на Македонија со поддршка на Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС), канцеларија Скопје заедно со професорите​ Бранимир Јовановиќ, Виктор Стојкоски и Драган Тевдовски изработија​ студија/анализа „Минималната плата во Република Северна Македонија и нејзините ефекти врз работењето на фирмите“ која ќе биде презентирана денеска во ССМ.

Анализата ќе ја презентираат професорите Виктор Стојкоски и Бранимир Јовановиќ. Според најавата од ССМ, на презентацијата е предвидено да се обратат претседателот на ССМ Дарко Димовски и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, претставник на Организацијата на работодавачите на Македонија, ФЕС и професорите Стојкоски и Јовановиќ.

Read Previous

Учениците од 1 февруари на настава со физичко присуство

Read Next

Министерот Николовски на отворање на „Агро Белград 2022“