ноември 22, 2024

Иран: Договор со САД само ако се укинат санкциите

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси вчера изјави дека постигнувањето договор со САД за нуклеарениот договор со светските сили е можно доколку се укинат санкциите против Техеран.

– Доколку страните се подготвени да ги укинат деспотските санкции, сосема е можно да се постигне некаков договор, рече тој за Иранската телевизија.

Еден ден претходно, иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Абдолахиан ја изрази подготвеноста на Техеран да почне директни разговори со Вашингтон за иранската нуклеарна програма. Иран и светските сили (Британија, Германија, Кина, Русија и Франција) започнаа уште една рунда преговори во Виена за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година. САД не се директно вклучени.

Read Previous

Прајс: Белорусија ќе добие брз и цврст одговор ако дозволи Русија од нејзина територија да изведе напад на Украина

Read Next

СЗО: Омикрон создава високи ризици за здравјето