септември 21, 2024

Сончево и студено

Синоптичарите за денеска најавуваат студено утро, а преку ден сончево со мала до умерена облачност. Зголемена облачност ќе има во североисточните делови од државата. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој наместа долж Повардарието ќе биде повремено засилен од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -16 до -3, а максималната од -2 до 7 степени.

Во Скопје, претежно облачно и студено со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до два степена. Во следните два дена ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на утринските и дневните температури. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен во сабота. Во петок кон крајот на денот и во деновите од викендот ќе има повремени слаби локални врнежи од снег.

Read Previous

Груби: Оптимист сум за резултатите од посетата во Софија

Read Next

Одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот