ноември 23, 2024

Мицкоски: Повторно сме меѓу најкорумпираните во Европа

Да можеше водење на држава да се стави во ексел табела, ќе беше лесно за секој да води држава. Човекот треба да знае дека водењето на државата не е исто со неговата наследена ексел табела добиена за партијата. Државните интереси не може да се стават во ексел табела, ниту пак животот на граѓаните, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

А кога сме кај ексел табелите, поважно е што таму бројките кажуваат повторно дека сме меѓу најкорумпираните во -Европа на делба од 87 до 95 место, буџетски дефицит од околу 7.255.000.000 денари или нов долг за секое семејство за само 24 дена од 2022 година од околу 14.500 денари!

Овој пат да пробаме без ексел табели, туку со работа за она што е важно за народот, заштита на интересите, повеќе пари и иднина за сите, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Read Previous

Две лица натепале полицајци додека си ја извршувале должноста

Read Next

Ковачевски – Минчев: Соработката на парламентите на двете земји е исклучително важна за заедничка иднина во ЕУ