ноември 23, 2024

АА: Хибридниот режим ги зароби правдата, обвинителството и инсталираше корупција во секоја институција

Транспаренси интернешнал потврди дека Северна Македонија е меѓу најкорумпираните земји. Транспаренси интернешнал денеска и официјално го потврди тоа што Алијанса за Албанците постојано го предупредуваше. Сегашниот режим е еден од најкорумпираните во светот и во овогодинешното рангирање е рангиран во групата земји како Танзанија, Суринам, Мароко, Гвајана, Етиопија, Колумбија, итн. За да биде иронијата поголема, земјите кои до вчера важеа за најкорумпирани, денес се во многу подобра позиција од нашата земја, додека далеку од Северна Македонија се диктаторските земји како Куба, велат од Алијанса за Албанците.

„Оваа состојба има само еден виновник, хибридниот режим кој ги заробил правдата и обвинителството и инсталираше корупција во секоја сфера и институција. Да потсетиме дека во ова рангирање придонесоа пасошите за светските криминалци, ослободувањето на локалните криминалци и затворањето на невините граѓани кои немаат пари да ја купат слободата иако им припаѓа“, се вели во соопштението.

Read Previous

ССМ: Минималната плата да зголеми на 18.000 најдоцна до март, во спротивно штрајкови

Read Next

ЈСП ќе врши организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност