ноември 23, 2024

Кривична пријава за градоначалникот на Охрид, наместо да седи во изолација, бил на Водици, тестот подоцна покажал дека е позитивен

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, СВР Охрид до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против К.П.(37) и А.К.(37), двајцата од Охрид.

Пријавените, на 19.01.2022 година се тестирале за дијагностицирање на Корона вирус и, наместо во самоизолација, согласно одлуките за превентивни препораки за заштита на здравјето на населението од заразната болест, истиот ден, присуствувале на јавната верска манифестација по повод верскиот празник „Богојавление- Водици 2022 година“ одржана во Охрид.

Read Previous

Ковачевски: Критериум за успешност е ако успееме во догледно време да имаме меѓувладина седница со ЕУ

Read Next

Кузеска: Извештајот потврдува, направен е сериозен напредок во борбата против корупцијата