ноември 23, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто обвинителството не ги повика Вилма Русковска и Зоран Заев на распит

Зошто обвинителството не ги повика Вилма Русковска и Зоран Заев на распит, прашува ВМРО-ДПМНЕ по сведоштвата на таткото на Боки 13-ка, Миле Јовановски.

„Таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски изјави дека на врвот на рекетарската мрежа седел Зоран Заев. Тој посочи дека Заев наредувал и управувал со обвинителството и со судството. Јовановски кажа дека Заев праќал пораки со наредби кому да се вратат пасошите. Воедно тој посведочи како Заев му кажал и го предупредил Бојан Јовановски дека против него е пријавен случај за рекет. Доколку ова е вистина, тоа значи дека ниту рекет бил можен без Заев, ниту пак е правда возможна со Вилма Русковска“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Read Previous

СДСМ: Петар Георгиевски Камиказа призна дека добил 14.000 евра за новогодишниот дочек, Арсовска да каже кој платил

Read Next

Д-р Беќаровски: Ако не се скрати времето на изолација, наскоро нема да има кој да работи во државата!