ноември 22, 2024

Бадник неработен ден за граѓаните од православна вероисповест

Министерството за труд и социјална политика, соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 6 јануари 2022 година (четврток), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.

Read Previous

Партиите од владејачката коалиција во Бугарија се оградија од предлозите на Слави Трифонов

Read Next

Расте бројот на новозаразени со коронавирус во Австралија