ноември 24, 2024

Алијанса за Албанците: Режимот СДСМ-ДУИ го ослободи кумот на криминалот и корупцијата, Сашо Мијалков

Партијата Алијанса за Албанците со реакција по пуштањето од притвор на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој вечерва го напушти затворот „Скопје“.

„Судството контролирано од режимот СДСМ-ДУИ успеа да триумфира против правдата и граѓаните. Сашо Мијалков, главниот партнер на овој режим, со одлука од Апелациониот суд конечно е пуштен на слобода.Овој ден ќе се памети како најцрниот ден на правдата во земјата. Денес, криминалот, корупцијата и режимот се соединија за да го спасат од правдата нивниот кум, додека стотици граѓани се држат безправно по затворите. Денес, министерот и заменик министерот за неправда, Бојан Маричиќ и Агим Нухиу под итно треба да ги напуштат нивните позиции и да му се придружат на нивниот пропаднат шеф, Зоран Заев. Ги уверуваме соучесниците во криминалот и челниците на овој режим дека многу брзо ќе дојде денот и ќе одговараат за секој криминал и неправда кон државата и нејзините граѓани“, стои во соопштението на Алијанса за Албанците.

Read Previous

Филипче: Зголемување на платите од 5 отсто за сите вработени во здравството

Read Next

Арсовска: Градот е презадолжен, пари за капитални проекти во 2022 нема, ќе се довршуваат започнатите