ноември 23, 2024

Алијанса за Албанците: Агим Нухиу е кукавичка кукла

Опозициската Алијанса за Албанците се огласија со соопштение по повод списокот кој се појави, а е потпишан од министерот за правда Бојан Маричиќ, кој се однесува на помилувањата кои ги дава секоја година во овој период претседателот на државата. Таму се најдоа имиња како што се Сеад Кочан, бизнисмен осуден за местење тендери, потоа Бобан Илиќ кој со автомобил го усмрти четиригодишното дете Алмир, како и Александар Василевски Нинџа осуден за насаните од 27 април. Алијанса за Албанците вели дека заменик министерот за правда Агим Нухиу, е кукавичка кукла.

-Како и секогаш во последниот скандал со барањето на Министерството за правда упатено до претседателот, за помилување на некои криминалци и убијци на деца како Сеад Кочан и Бобан Илиќ, функционерите на ДУИ продолжуваат со кукавичкото прикривање на раката што ја фрла камен.

Последната изјава на министерот за правда, Агим Нухиу, кој слично делуваше и на 27 Април, само докажува дека тој и неговите сопартијци се во Владата само за да ги легитимизираат бандитските одлуки на овој режим. Наместо да се огради, Нухиу треба да прецизира дали е кукавица и се крие зад Маричиќ или е марионета која никој не ја прашува за ништо во тоа министерство.

Во секој случај, тој треба веднаш да се повлече, бидејќи и самиот призна дека не е достоен за тоа, како што никогаш досега не бил, велат од Алијанса за Албанците.

Read Previous

Маричиќ: Предлог листите за помилување се од затворите, не од мене, дел од спорните имиња нема да се најдат на тие листи

Read Next

БЕСА со реакција: Маричиќ и Нухиу амнестираат криминалци