ноември 22, 2024

Филипче: Нема приватизирање на Брзата помош

Не станува збор за приватизирање на Брзата помош, тоа е политички спин. Во Законот јасно пишува дека итната медицинска помош може да ја врши само јавно-здравствена установа, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

Во изјава за Слободен печат, Филипче посочи дека покрај јавно здравствената установа, итната медицинска и стоматолошка помош ја прават и приватните установи „Неуромедика“, „Жан Митрев Клиник“, а со транспорт сега започнува и „Никоб“.

– Ние само го озаконуваме тоа што фактички на терен се случува. Приватниот транспорт кој сега граѓанинот го повикува, го плаќа од сопствен џеб и така ќе продолжи тоа. Фондот за здравство нема да ги преземе тие обврски, вели министерот.

Тој појасни дека граѓаните нема да имаат никаков трошок што досега го немале.

Претходно, Законот за здравствена заштита беше блокиран во Собранието, поради поднесените 1200 амандмани од политичката партија Левица, со што се спречи овој Закон да биде изгласан.

Read Previous

Битиќи: Цената на струјата и покрај покачувањето по 1-ви јануари ќе остане најниска во регионот

Read Next

СДСМ: Арсовска скандалозно го прекинува проектот за БРТ на штета на скопјани