Скопскиот уметник Озбек Ајваз ја доби наградата „Надежен млад уметник“ на Првата меѓународна сликарска работилница организирана од општина Силиври.
ТАЈМБАЛКАН СПЕЦИЈАЛНА ВЕСТ
На првата меѓународна сликарска работилница на тема „Прикажување љубов, труд и разговор“ организирана од општина Силиври, делата на 45 уметници од 11 земји беа прикажани на изложба за љубителите на уметноста.
Уметникот Озбек Ајваз од Скопје кој е студент на магистерски студии на отсекот скулптура на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, ја доби наградата „Надежен млад уметник“ како учесник на 1. Меѓународен ликовен симпозиум во Силиври.
Во изјава за ТАЈМБАЛКАН, Ајваз рече деке ова е негова прва награда и додаде дека „чест му е што добил награда во земјата на неговите предци“.
Наведувајќи дека во Силиври престојувал 6 дена во рамките на работилницата, Ајваз рече: „Тоа беше добра организација. Генерално имаше предавачи, се сретнавме со предавачи од Универзитетот Гази, Техничкиот универзитет Јилдиз и Универзитетот Хаџетепе. Научивме нови техники и тактики поврзани со нашата уметност. Разменивме искуства. Во рамките на работилницата одржавме работилници и учествувавме во културни патувања. Гостопримството беше врвно на настанот на кој присуствувавме“. изјави Ајваз.
Ајваз досега имал изложби во Плав во Црна Гора и Призрен во Косово изјави дека ќе наредно ќе има изложба во резиденцијата на Европската унија во Скопје, како и уште една изложба во културниот центар Јадро.
Ајваз ќе присуствува и на 4. Меѓународен симпозиум за ликовни уметности/Работилница за култура во Медитеранот во улога на панелист.
На работилницата во Силиври покрај Озбек Ајваз од Северна Македонија присуствуваше и проф. Др.Фехим Хусковиќ.
Посетителите во општина Силиври ќе може да ги погледат 85-те слики во изложбените сали до 3 декември 2021 година.