ноември 23, 2024

Филипче за новиот сој: Нема да има нови рестриктивни мерки, затворање на граници и карантин на патници нема да даде ефект

Стабилна е епидемиолошката ситуација и е разговарано за новиот сој кај нас, рече министерот Филипче на денешната прес конференцијата. Се уште нема доволно познати информации иако СЗО вели дека овој сој е лесно пренослив.

– Сметам дека рестрикција од затворање на граници и карантинизирање на патници нема да даде ефект, зошто е веќе детектиран во европските земји и видовме дека кога ќе се појави нов сој, тој не може да се спречи. Соеви ќе се јавуваат и понатаму и остануваме со овие мерки кои се добро димензионирани, се става акцент на вакцинацијата. Остануваме со овие мерки засега и ја следиме ситуацијата. Ова е нов сој и допрва ќе дознаваме информации, но од она што го знаеме, нема потреба од рестрикција.- рече Филипче.

Read Previous

Холандија од денеска во тринеделен делумен карантин

Read Next

Од среда забрана за употреба на пластични кеси, биоразградливите ќе чинат 15 денари