ноември 23, 2024

По пет дена молк, се огласи сопственикот на Беса Транс: Патниците се наше семејство, ова е тест од Господ

Сопственикот на Беса Транс, Беким Хаџиу, преку социјалните мрежи изрази сочувство до семејствата на жртвите од сообраќајката во која 45 граѓани ги загубија животите патувајќи во неговиот автобус.

-Господ да им даде рај на починатите, а на повредените што поскоро опоравување. Овие зборови ги кажувам со жалење и со повредено срце. Тие беа исто така наше семејство, бидејќи секогаш кога патувавме и патниците ги сметавме за фамилија. Четири дена бевме заедно во Истанбул и забележав дека повеќето и порано доаѓале со нас на тури со нашите автобуси за Истанбул. Овие тестови се од Господ и верувам дека се прифатени од секој верник, неговата волја не може да биде променета ни за минута и бараме од Господ никого да не тестира, напиша Хаџиу на Фејсбук.

Read Previous

Османи: Денеска ќе контактираме со семејствата на загинатите

Read Next

Холандија од денеска во тринеделен делумен карантин