ноември 22, 2024

Претседателот Ердоган: Сочувство до Владата и народот на Северна Македонија

Претседателот на Турција, Реџеп Таjjип Ердоган, упати порака со сочувство за загинатите во автобуската несреќа што се случи во Бугарија со автобусот што тргна од Истанбул.

Во пораката со сочувство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беа вклучени следните изјави:

„Длабоко сум тажен поради трагичната сообраќајна несреќа на нашите браќа од Северна Македонија кои патуваа од Истанбул до Скопје со автобус.

Посакувам Божја милост за нашите браќа и сестри кои ги загубија животите во оваа трагична несреќа која длабоко ме погоди мене и турскиот народ, а на нивните ужалени семејства им посакувам трпение.

Изразувам сочувство до Владата и народот на Северна Македонија и посакувам брзо закрепнување на повредените браќа и сестри.

Read Previous

Разрешни директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј

Read Next

Милева: Недостасува еден преживеан во автобуската несреќа