ноември 23, 2024

Чешкиот Парламент ја избра Маркета Пекарова-Адамова за нов спикер

Новиот парламент во Чешка ја избра 37-годишната Маркета Пекарова-Адамова за претседател на Домот на пратеници, јави ДПА.

Лидерката на конзервативната партија ТОП09 доби 102 од 122 гласа на тајното гласање во средата навечер.

Пекарова-Адамова е втората жена, по Мирослава Немцова, која ја извршува оваа функција, што е една од највисоко рангираните функции во оваа земја-членка на ЕУ.

По парламентарните избори во Чешка, на почетокот на октомври, коалицијата од пет либерални и конзервативни партии обезбеди мнозинство од 108 во 200-члениот Домот на пратениците во Прага, пренесе германската агенција.

Петр Фиала, лидерот на Граѓанските демократи (ОДС), според коалицискиот договор треба да стане нов чешки премиер.

Пекарова-Адамова го наследи Радек Вондрачек од популистичката партија АНО на досегашниот премиер Андреј Бабиш. Таа најави дека има намера да ја зајакне довербата на граѓаните во парламентот и забележа дека „квалитетот треба да има предност пред квантитетот“ во донесувањето на законите.

Read Previous

Утрово најстудено во Берово

Read Next

Макрон и Харис ја нарекоа француско-американската соработка „клучна“