Во улицата Његошева во Белград денеска е уништен муралот посветен на Ратко Младиќ, пишува Нова.рс.
Како што може да се види на фотографијата на порталот Нова.рс, на муралот е фрлена кофа со вар. Ѓорѓе Жујовиќ од Социјалдемократската партија на Србија (СДПС) за Н1 потврди дека тој ја фрлил варта на муралот.
Активистката за човекови права Аида Чоровиќ вчера беше приведена откако фрли неколку јајца на муралот на Младиќ на аголот на улицита Његошева и Алекса Ненадовиќ во Белград.
Активистката Јелена Јаќимовиќ, исто така, фрли јајца врз муралот, по што беше отстранета од местото од полицијата во цивилна облека.
Чоровиќ подоцна беше ослободена од притвор, а активисти, граѓани, претставници на невладини организации и некои опозициски политички партии синоќа се собраа пред Домот на синдикатите за да и дадат поддршка. Тие излегоа на протестна прошетка кон муралот, но беа блокирани од полициски кордон. Набргу потоа дојде десничарска група која му скандиралаше на Младиќ, но до физички пресметки не дојде.