ноември 22, 2024

Двајца мажи на возраст од 35 и 38 години починаа во штипскиот Ковид-центар

Двајца мажи од Берово и Штип на возраст од 35 и 38 години починаа во штипскиот Ковид-центар, информира портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска во дневниот здравствен билтен.

Се очекува во текот на денот раководството да информира во каква состојба биле донесени пациентите и кои компликации од коронавирусот предизвикале смрт кај пациентите на возраст од 35 и 38 години.

Штипскиот Ковид-центар веќе десетина дена континуирано се полни со пациенти од источниот регион.

Во Инфективното одделение се хоспитализирани 54 пациенти, од кои 48 се на кисолородна поддршка, а на Кожното одделение се лекуваат девет пациенти.  Во штипскиот Ковид центар има шест слободни болнички кревети.

Read Previous

Над 39.000 новозаразени со коронавирус во Русија

Read Next

Кандидатот за претседател на Бугарија Лозан Панов: Подавам рака на соседите