ноември 24, 2024

Хрватските лекари предупредуваат на преоптовареност на болниците

Хрватското здружение на болнички лекари изрази загриженост дека болниците во земјата би можеле да бидат преполни со пациенти тешко болни од Ковид-19, јави ДПА.

Хрватскиот здравствен систем „повеќе не постои“, се вели во синоќешното соопштение на здружението.„Системот не постои кога ви требаат врски за да добиете кревет каде има и кислородна поддршка“.

Во исто време, здружението ја критикуваше владата. Додека „пациентите со Ковид чекаат со часови во болница бидејќи нема слободни места“, високи владини претставници се однесуваат кон проблемот „како арогантни нарцисоидни тинејџери“.

Во хрватските болници во моментов се лекуваат 1.418 пациенти со коронавирус, од кои 170 се на кислородна поддршка. Бројот на случаи во последните седум дена достигна 587,9 на 100.000 луѓе вчера. Вкупно 52,6 отсто од населението во таа држава се вакцинирани. Драматично зголемување на бројот на новозаразени лица вчера е регистрирано и во Чешка, Полска и Словачка.

Read Previous

Шилегов и честиташе на Арсовска

Read Next

СМО: Годините од 2015 до 2021 година се веројатно седумте најтопли досега