Државниот завод за статистика информира дека до вчера (17.09.2021) до 20 часот, во државата се попишани 871.488 лица, 272.177 домаќинства и 368.595 станови. Надвор од државата, пак, преку интернет досега самостојно се евидентирале 193.236 иселеници.
При посетата на Комисиите на пописни реони Дебар, Маврово-Ростуша и Струга Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, вчера посочи дека процесот на попишување се одвива во најдобар ред, без проблеми и без одбивања помеѓу населението.
Пописот ќе трае до крајот на септември, а започна пред две седмици.