ноември 22, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да ја ослободи истрагата од влијанија и заедно со Филипче и Хасани да си замине и тој

„Седум дена откако се запали модуларната болница, а имаше човечки жртви.

Но, за Венко Филипче и Зоран Заев тоа не значи ништо. За нив човечкиот живот не вреди.

Заев се криеше до вчера, а Филипче демек поднесе оставка. Од истрагата исто така ни трага, ни глас.

Граѓаните имаат право да знаат, а одговорните мора да дадат одговори, не да молчат.

Каков е квалитетот на материјалите од кој е изградена болницата во Тетово?

Зошто немало противпожарни апарати иако на таков пропуст било и предупредувано?

Зошто роднини на болни се грижеле во болницата за своите блиски, наместо медицински персонал?

Кој во име на власта се заканува по живот на роднините на жртвите кои сведочат за катастрофата во модуларната блница?

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Филипче и Илир Хасани, да ги достават оставките до Собранието, а не до премиерот, кој видовме дека нема да ги прифати.

Доколку тоа не се случи денеска, ВМРО-ДПМНЕ во координација со другите парламентарни партии ќе поднесе Предлог одлука за разрешување на Филипче и Хасани.

Заев да заборави на бизнис интересите и да ја ослободи истрагата од влијанија и притисоци и заедно со Филипче и Хасани да си замине и тој.“ – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Read Previous

СДСМ: Со политизација на трагедијата Мицкоски покажа елементарно непознавање на Уставот и законите

Read Next

АД ЕСМ долгорочно ќе изгради 1000 MW фотонапонски електрани