Државниот завод за статистика (ДЗС) ја информира јавноста дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо.
„Заклучно со вчерашниот ден, 11 септември, до 20 часот, попишани се 308. 551 лице. Само вчера беа попишани 114.308 лица.Државниот завод за статистика ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис, на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk,“ информираат од ДЗС.
Од ДЗС велат дека попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен се овластени лица на Државниот завод за статистика кои се обучени за оваа активност и апелираат до населението да ги прими во своите домови со доверба и почит и да ги даде потребните податоци.