Регулаторна комисија за енергетика одлучи да им ги одзеде лиценците на тројца трговци со нафтени деривати за поединечни производи затоа што се утврдило дека немаат складишни капацитети.
На ГУЛИВЕР ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ му се одзема лиценцата за вршење на енергетската дејност трговија на големо со Еуродизел БС, на ПЕРТИНАКС ДООЕЛ Скопје за мазут, додека на БАШИНО ГАС за течен нафтен гас.
„Овие трговци не поседуваат соодветни складишни капацитети за чување на дериватите – што претставува основно средство за работа и е услов за добивање на лиценца. РКЕ во изминатиот период теренски ги зајакна контролите врз трговците и со истите ќе продолжи“, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.
Трговците нема да смеат да тргуваат со соодветните производи, односно да ги увезуваат.