декември 3, 2024

Европол: Нови движења во трговијата со кокаин – балканските криминални мрежи стануваат важни играчи

Трговијата со кокаин во Европа е се пораширена и поконкурентна и се карактеризира со појава на нови криминални мрежи, како што е случајот со Западен Балкан, се вели во извештајот посветен на пазарот со кокаин, на Европол и на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC).

Во него се укажува на нова динамика на пазарот на кокаин, што претставува јасна закана за европската и глобалната безбедност, соопшти Европската полициска агенција.

Се проценува дека фрагментацијата на криминалната средина во некои земји отвори нова можност за европските криминални мрежи – да ги исклучат посредниците и да вршат директна испорака на кокаин.

Понатаму се посочува дека новата конкуренција на пазарот доведе до зголемување на понудата на кокаин, а со тоа и до повеќе насилство.

Како што се истакнува, претходно доминантните монополи во испораките на кокаин на големо на европските пазари, сега се соочуваат со конкуренција од новите мрежи за трговија со дрога.

Read Previous

Црна Гора ги заостри условите за влез во земјата

Read Next

Бајден и Си разговараа телефонски час и половина