ноември 21, 2024

Црна Гора ги заостри условите за влез во земјата

Владата на Црна Гора усвои нови мерки во борбата против коронавирусот, кои стапуваат на сила од вторник 14 септември, а се однесуваат на влезот на странците и државјаните на Црна Гора во земјата.

Црна Гора ги заостри условите за влез во земјата

Владата на Црна Гора усвои нови мерки во борбата против коронавирусот, кои стапуваат на сила од вторник 14 септември, а се однесуваат на влезот на странците и државјаните на Црна Гора во земјата.

EPA-EFE

Од вторник влез во Црна Гора е можен само ако државјаните на Црна Гора или странците исполнуваат еден од следните услови:

– да минале 14 дена од ревакцинацијата за вакцините кои се даваат во две дози или од едната доза

– лицето да поседува негативен ПЦР тест не постар од 72 часа

– или позитивен ПЦР тест кој е постар од 14 и не е постар од 180 дена

– лицето да поседува негативен брз антигенски тест кој не е постар од 48 часа

– државјаните на Црна Гора и странците со пројавен престој кои не исполнуваат ниеден од условите се упатуваат во изолација која можат да ја прекинат со ПЦР тест кој е негативен шестиот ден од преминувањето на границата.

Ова го кажа црногорската министерка за здравје Јелена Боровиниќ Бојовиќ на конференција за медиумите.

Во Црна Гора безусловно влегуваат само лицата помлади од 18 години.

Бојовиќ кажа дека ваквите измени немало да се донесат доколку тие што сега се на сила искрено и вистински се почитувале.

mkd.mk

Read Previous

Грција: Не фалсификувајте сертификати, ќе бидеме безмилосни

Read Next

Европол: Нови движења во трговијата со кокаин – балканските криминални мрежи стануваат важни играчи