ноември 23, 2024

Америка 20 години по терористичкиот напад

Америка денеска одбележува 20 години од терористичкиот напад на припадниците на Ал Каеда врз кулите „близначки“ во Њујорк и врз зградата на Пентагон, во кој загинаа речиси 3.000 луѓе, додека повеќе од 25.000 цивили беа повредени.

Дотогаш, нападот од големи размери на американска почва се сметаше за невозможен и незамислив – но 11 септември ги шокираше САД, и многумина го споредуваат тој шок со она што Америка го доживеа при слетувањето на Перл Харбург, и тоа промени многу работи во Соединетите држави, но и светот, кој ја започна глобалната војна против тероризмот.

“Нашата војна против тероризмот започнува со Ал Каеда, но не завршува тука. Нема да заврши додека не се најде, запре и порази секоја терористичка група во светот”, рече тогаш американскиот претседател Џорџ Буш.

По нападот, САД официјално започнаа војна против тероризмот и притисок врз Авганистан за соборување на Талибанците, кои го отфрлија барањето на земјата да го протера водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен.

Бин Ладен ја презеде одговорноста за нападот на 11 септември 2004 година, наведувајќи ја поддршката за Израел и американското воено присуство во Ирак и Саудиска Арабија како мотив за нападот.

Седум години подоцна, Бин Ладен беше убиен во Пакистан во операција спроведена од американските сили.

Најголемиот терористички напад на сите времиња

Овој најголем терористички напад на сите времиња фрли голема сенка врз американскиот живот од кој нацијата допрва треба целосно да излезе, а промените, меѓу другото, се случија во трансформацијата на воздушниот сообраќај.

Бидејќи влегувањето на 19 терористи во авиони на комерцијални рути покажа дека безбедноста не е приоритет за авиокомпаниите.

Формирана е Управата за безбедност во транспортот, сосема нова федерална агенција овластена од Конгресот во ноември 2001 година, а американските патници беа запознати со новите протоколи за безбедност – билетите и личните карти станаа задолжителни за проверка, соблечени чевли, отстранети компјутери и електроника од кеси.

Патриотскиот закон беше донесен само шест недели по 11 септември, додека конгресмените се бореа да ги поправат пропустите на разузнавачката служба што им овозможија на познатите терористи да влезат во Соединетите држави и да ја изведат најсмртоносната завера во американската историја.

Конгресот им даде нови можности на ФБИ и НСА да собираат и споделуваат податоци. Новиот закон во таа област им даде право на агентите да пребаруваат лица и куќи без претходна најава на сопствениците, како и да прислушуваат телефонски разговори без причина.

Во годините по 11 септември, Америка можеби стана побезбедна, но останува фактот дека поединци инспирирани од џихадистичката идеологија убиле повеќе од 100 луѓе во повеќе терористички напади до септември минатата година.

Нападот бил извршен со три авиони

Ал Каеда го изврши нападот со три киднапирани авиони на различни аеродроми.

Авионот на летот на „Американ ерлајнс“ полета во северната кула на Светскиот трговски центар во долниот дел на Менхетен, а дваесет минути подоцна, авионот на „Јунајтед ерлајнс“ ја погоди јужната кула.

Двете „кули близначки“ со 110 ката се урнаа за помалку од два часа, што доведе до значителна штета на околните згради.

Удар на Пентагон и четврти авион

Третиот авион што полета од аеродромот во Далас беше киднапиран над Охајо и се урна на западната страна на Пентагон, што доведе до уривање на зградата.

Четвртиот авион летал во правец на Вашингтон, но удрил во поле во Пенсилванија, откако патниците влегле во кабината и се бореле со киднаперите за контрола.

Чистењето на просторот околу Светскиот трговски центар траеше една година, а штетата беше проценета на околу 10 милијарди долари.

Изградбата на новиот трговски центар започна на 1 ноември 2006 година, а новата кула беше отворена на крајот на 2014 година, а на тоа место беа изградени и бројни споменици.

Read Previous

Активни 13.166 случаи, надлежните апелираат невакцинираните да се вакцинираат

Read Next

ДПС нема да го поддржи Румен Радев за втор претседателски мандат