October 12, 2026

Албанија пред затворање на четвртото поглавје од преговорите со ЕУ

Се очекува Албанија утре да ги затвори преговорите за Поглавјето 20 „Претпријатија и индустриска политика“, со што ќе направи уште еден чекор во процесот на пристапување кон Европската Унија (ЕУ).

Со овој развој на настаните, Албанија привремено затвора четири од вкупно 33 поглавја во преговорите.

Европската комесарка за проширување, Марта Кос, изјави дека се предвидени четири меѓувладини конференции со Албанија, Црна Гора, Молдавија и Украина, оценувајќи го тоа како доказ дека процесот на проширување на ЕУ се движи напред.

„По одлуката на земјите членки, сега имаме перспектива за одржување четири меѓувладини конференции со Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина. Ова ќе биде третпат од јуни досега четири меѓувладини конференции да се одржат истовремено“, рече Кос.

Комесарката истакна дека „ова е јасен знак дека процесот на проширување се движи напред. Земјите што го предводат овој процес ги исполнуваат своите обврски, а ние го правиме нашиот дел“.

Поглавјето 20 ги опфаќа политиките за развој на претприемништвото и индустријата, поддршката на малите и средните претпријатија, подобрувањето на инвестициската клима и зголемувањето на конкурентноста на економијата.

Read Previous

Грејната сезона започнува утре, два дена порано поради пад на температурите

Read Next

Амбасадата апелира за зголемена претпазливост на македонските државјани во Саудиска Арабија