October 5, 2026

Комунална хигиена во септември собра над 14 илјади тони отпад во Скопје


Во текот на септември екипите на ЈП „Комунална хигиена-Скопје“ собрале и транспортирале 14.320 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.

Од јавнoто претпријатие информираат дека во истиот период биле отстранети и 3.040 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини.

Најголемо количество отпад од диви депонии било подигнато во Општина Чаир, каде што биле отстранети вкупно 545 кубни метри отпад.

Еко-патролата во текот на септември врачила 24 едукативно-информативни записници на физички лица и претставници на компании кои биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота.

Од „Комунална хигиена-Скопје“ додаваат дека секојдневно се одржува јавната хигиена преку рачно и машинско метење и миење на скопските улици и булевари, плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје.

Во рамки на активностите се одржуваат и пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“, како и просторот на Старата скопска чаршија.

Read Previous

342 пожари за помалку од една година во Кичево! Пожарникарите со апел да се внимава со оџаците