October 5, 2026

628 возачи санкционирани за брзо возење во шестчасовна сообраќајна контрола

Речиси 630 прекршоци за надминување на дозволената брзина се регистрирани за само шест часа во рамки на засилените сообраќајни контроли што ги спроведе Министерството за внатрешни работи на целата територија на државата.

Контролите биле спроведени на 4 октомври, во периодот од 14 до 20 часот, а биле насочени кон возачите кои не ги почитуваат ограничувањата на брзината.

Од вкупно 628 констатирани прекршоци, 344 се однесуваат на возачи кои ја надминале дозволената брзина надвор од населено место. Во населени места биле регистрирани уште 284 прекршоци за надминување на пропишаната брзина.

За сите утврдени прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи.

Покрај прекршоците поврзани со брзото возење, полициските службеници во текот на контролите констатирале и 66 прекршоци од друг вид.

Од МВР најавуваат дека продолжуваат со засилените сообраќајни контроли низ целата држава, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на ризиците предизвикани од непочитување на ограничувањата на брзината.

Read Previous

Комунална хигиена во септември собра над 14 илјади тони отпад во Скопје

Read Next

Темелно чистење на најзначајните симболи на Скопје