September 20, 2026

Безживотно тело најдено на Шар Планина, пренесено со полициски хеликоптер 

Околу 17 часот и 30 минути од подрачје на Шар Планина до Тетово со хеликоптер беше пренесено безживотно тело најдено на над 2.500 метри надморска височина.

Од СВР Тетово потврдуваат дека е најдено безживотно тело на Шар Планина, по пријава на граѓани околу 14 часот и 30 минути, а повеќе детали најавуваат за утре. 

Според неофицијални информации станува збор за планинар-алпинист на околу 70 години од тетовско Џепчиште. 

Read Previous

Сиљановска-Давкова на средба со жени претприемачи во Битола

Read Next

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ, врвот се очекува во октомври