September 16, 2026

Млад скопјанец пронајден починат во водите на Охридското езеро

Синоќа во 22:00 часот, по преземени мерки од полициски службеници од езерската полиција и од СВР Охрид, во близина на авто камп, на околу 50 метри од копно во водите на Охридското езеро, пронајден бил починат Б.С.(31) од Скопје.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош, препознавање извршил член на неговото семејство, а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Инаку, претходниот ден во 18:10 часот во СВР Охрид, З.С. (68) од Скопје за исчезнат го пријави неговиот син Б.С.(31) од Скопје, со кого престојувал во автокамп во Охрид.

Read Previous

Три милиони евра за подобри спортски услови во 30 основни и средни училишта