October 16, 2026

13-годишник претепан со безбол-палки и избоден со нож во Чаир – се бори за живот

Тринаесетгодишно дете се бори за живот, откако било избодено со нож во тепачка на улицата „Македонско-косовска бригада“ во скопски Чаир, дознава Телма ТВ.

Според болнички извори на Телма, детето било во исклучително тешка здравствена состојба.

Во инцидентот учествувале пет лица – четворица малолетници и едно полнолетно лице, посочиле за Телма извори од Министерството за внатрешни работи (МВР), а во тепачката биле употребени ножеви и безбол-палки.

Еден од малолетниците, роден 2012 година, признал дека користел нож, но целосната форензика треба да покаже дали токму со него му биле нанесени тешките повреди на 13-годишното дете. Неговиот брат, роден во 2007 година, одбивал да даде исказ.

Полицијата го расчистува случајот и ги утврдува улогите на сите учесници во инцидентот. 

Read Previous

Руски државјанин, осомничен за тројното убиство во Црна Гора, изврши самоубиство по полициска потера

Read Next

Морбилите се шират во соседните земји – само 62 отсто од децата во Македонија се вакцинирани