До 07:30 часот утрово се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои четири се активни, три се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни пожари – 4:
Општина Сарај: с. Копаница (ниска вегетација);
Општините Гостивар и Македонски Брод: с. Трнов (Општина Гостивар) кон селата Битово, Заград и Страјан (Општина Македонски Брод) – нискостеблеста шума и ниска вегетација;
Општина Чашка: над с. Нежилово, м.в. Сватови (ниска вегетација и смрека);
Општина Јегуновце: с. Копанце (мешана шума).
Пожари под контрола – 3:
Општина Делчево: депонијата (отпад);
Општините Студеничани и Зелениково: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и крак кон с. Палиград, над с. Вражале и с. Тисовица – Општина Зелениково (мешана шума);
Општина Пласница: с. Дворце (депонија).
Изгаснати пожари – 24:
Општина Струга 1: с. Франгово (нискостеблеста шума, ниска вегетација);
Општина Струга 2: с. Ливади (ниска вегетација и стрниште);
Општина Кичево: с. Тајмиште, в.м. Дрда (букова високостеблеста шума);
Општина Неготино: меѓу Неготино и Кавадарци (ниска вегетација);
Општина Струмица 1: с. Куклиш (депонија);
Општина Струмица 2: с. Свидовица (ниска вегетација и грмушки);
Општина Демир Хисар: с. Кутретино (депонија);
Општина Прилеп 1: над Касарната во Прилеп (ниска вегетација);
Општина Прилеп 2: с. Дабник (ниска вегетација и место со отпад);
Општина Тетово: православните гробишта под Калето (средновисока мешана шума со багрем и костен);
Општина Брвеница 1: с. Стрмница и с. Челопек (ниска вегетација);
Општина Брвеница 2: с. Горна Лешница (ниска вегетација);
Општина Куманово: населба Перо Чичо (ниска вегетација);
Општина Крива Паланка: с. Мождивњак (ниска вегетација и багрем);
Општина Гостивар 1: с. Куново (ниска вегетација);
Општина Гостивар 2: с. Дебреше (ниска вегетација);
Општина Петровец: с. Долно Коњари (ниска вегетација);
Општина Градско: с. Подлес (ниска вегетација);
Општина Босилово: с. Старо Балдовци (ниска вегетација и стрниште);
Општина Прилеп: с. Црнилиште (депонија);
Општина Прилеп 2: с. Веселчани (ниска вегетација);
Општина Сарај: с. Арнакија (нискостеблеста шума);
Општина Струга: лозјата покрај езерото (ниска вегетација);
Општина Кавадарци: градската депонија „Мелци“ (депонија).


