Триесет и шестото Генерално собрание на Светскиот македонски конгрес се одржа во големата сала за состаноци на Советот на Град Скопје (во Градски парк).
Присутни беа 70 делегати од целиот свет – од Македонија, од соседните земји, од Европа и од прекуокенаските земји.
Генерално Собрание на Светскиот македонски конгрес денес донесуваше Одлука за прием на нови членки во; Одлука за доделување на највисокото семакедонско признание – почесната титула Македонски сенатор; Одлука за доделување на највисокото семакедонско одликување – Големо сонце на македонската империја; Резолуција за осуда на геноцидот врз Македонскиот народ; Одлука за формирање комисија за изменување и дополнување на Македонската национална програма донесена на 7 август 1993 година; Резолуција за македонска општина Пустец во Албанија; Резолуција за прогласување на географскиот центар на Македонија; Резолуција за македонско-бугарските односи; Резолуција за избирачкото право на Македонците во светот.


