August 8, 2026

Гужва на граничните премини: На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 30 минути 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираа од АМСМ.

Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути, а на ГП Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Read Previous

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје за една недела, тројца пациенти во критична состојба

Read Next

Се судрија возови во Хрватска – машиновозачот потешко повреде