По силното невреме што го зафати Скопје, здравите делови од паднатите дрвја добиваат нова намена. Наместо да завршат како отпад, тие ќе бидат искористени за изградба на нов моторички парк на Водно. Новиот простор ќе има пречки и природни елементи за физички вежби, дизајнирани за подобрување на рамнотежата, координацијата и моторичките способности.
Паркот ќе биде отворен за деца, млади и возрасни, како место за рекреација и активности во природа.
Во меѓувреме, на местата каде што се отстранети оштетените дрвја започна ново пошумување, а во септември се очекува поголема акција за обновување на зеленилото во Скопје. Проектот е дел од плановите за уредување и обновување на Водно, каде паралелно се подобруваат пешачките патеки, урбаната опрема и безбедноста на посетителите преку Планинската спасителна служба.


