Во изминатите 24 часа во Македонија биле регистрирани вкупно 22 пожари на отворен простор, а сите се успешно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) во утринскиот извештај до 07:30 часот.
Според ЦУК, во моментов нема активни пожари, ниту пожари кои се ставени под контрола, што значи дека сите регистрирани интервенции се целосно завршени.
Пожари биле изгаснати на повеќе локации низ државата, меѓу кои во општините Чучер Сандево, Карпош, Гази Баба, Ѓорче Петров, Битола, Прилеп, Струга, Крива Паланка, Тетово, Желино, Кавадарци, Куманово, Центар, Арачиново и Гостивар.
Најголем дел од интервенциите се однесувале на пожари во ниска вегетација, сува трева и грмушки, а биле регистрирани и пожари на депонии, запалено дрво, како и пожар во нискостеблеста деградирана шума.
Од Центарот за управување со кризи апелираат граѓаните и понатаму да бидат внимателни и одговорни при движење и престој на отворен простор, со цел да се спречи појава на нови пожари, особено во период на високи температури.

